Контакт

icon_widget_image Понеделник - Сабота 8:00 - 16:00 icon_widget_image Раштански пат 10, 1400 Велес icon_widget_image +389 70 400 769 +389 78 446 186 icon_widget_image [email protected]
  /  Standards   /  Technologies that will change the way houses are built
s

Technologies that will change the way houses are built

Кога се наоѓате во процесот на одлука за купување на недвижен имот, особено стан, одлуката за инвестирање во пред градба може да биде извонредно паметна. Еве осум причини зошто:

1. Поволни цени: Становите во пред градба имаат поповолни цени во споредба со веќе изградените. Ова ви овозможува да купите стан со поголема квадратура или во подобра локација за истата цена.

2. Поголем избор: Во раната фаза на градбата, изборот на станови е значително поголем. Освен квадратурата, имате и можност да изберете кат, како и поставеност на станот.

3.Следење на градбата: Како купувач на стан во пред градба, станувате дел од процесот на градење. Ова ви дава можност да ја следите градбата од почеток до крај  и да добивате информации за материјалите кои се вградуваат односно со што истата се гради.

4.Избор на материјал: Купувањето на стан во пред градба ви дава можност да изберете различни материјали и дизајнерски елементи за вашето ново живеалиште, како што се плочки за купатило, боја на вратите и подот.

5.Поширока инфраструктура: Одлуката да купите стан во пред градба ви овозможува да се запознаете со околината многу порано пред да се преселите. Нашата населба  е во непосредна близина на  училишта, трговски центар, пазар, маркети  и здравствени установи, што ја прави идеална за семејно домување.

Купете стан во пред градба во Зграда 2, комплекс Атлантис,  и заедно со Нас започнете го  ,,станбеното,, патување од ископ до вселување.

6.Подобра безбедност:  Локациски, комплексот Атлантис е во рамниот дел на градот, каде сообраќајната раздвиженост е многу помала од онаа во централното градско подрачје. Ова значи поголема сообраќајна безбедност за  вашето семејство. Подземниот паркинг простор е предуслов за поголема безбедност и за вашиот автомобил.

7. Помалку загадување: Купувањето на стан во нашиот комплекс  значи и инвестиција во подобри еколошки услови. Поради помалата фреквенција на  сообраќај  населбата е подобро место за живеење за сите оние кои што преферираат еко средина.

8. Инвестициска вредност: Вредноста на станот во пред градба има тенденција да расте со текот на времето. По завршувањето на градбата и пренесувањето на клучевите, вашиот имот може да има значително поголема вредност, што го прави одлична инвестиција за иднината.

Купувањето на стан во пред градба може да биде интелигентна одлука што ви нуди многу предности како инвеститор и како сопственик на дом. 

 

 

Comments

  • John Elliott

    Tempor nec urna nec tincidunt praesent semper feugiat. Sit amet volutpat consequat mauris nunc congue nisi. Leo duis ut diam quam nulla.

Sorry, the comment form is closed at this time.

Skip to content